Димитров и Коѕијас можно е да преговараат и во Софија

Нетпрес

14/02/2018

12:36

122

Големина на фонт

а а а

Грчките медиуми во средата пишуваат за нова можна средба меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров односно Никос Коѕијас, следните два дена во бугарската престолнина Софија, и покрај нивните дводневни преговори со посредство на медијаторот Метју Нимиц кои завршија во вторникот вечерта во главниот град на Австрија, Виена.

Владите на двете земји ненајавено ги забрзаа преговорите за името, а средбата на Димитров односно Коѕијас, којашто првично беше најавена за 15-ти и 16-ти февруари во Софија, ненајавено се одржа во Виена од понеделникот вечерта и заврши без особен резултат, барем не за јавноста, во вторникот вечерта во присуство на Нимиц.

Пред повеќе една седмица министерството за надворешни работи на Република Македонија објави дека Димитров и Коѕијас ќе се сретнат на 15-ти и 16-ти февруари, на наводно неутрален терен во Софија. Нема објаснување на што се должи и промената на локацијата, која во првичната најава беше закажана за во Софија и како таа се случи во Виена.

Вчерашната средба на министрите Коѕијас и Димитров со медијаторот Нимиц во Виена траелa од 09,30 до 16,40 часот, пренесува во средата грчката новинска агенција ANA (MPA). За време на средбата, Димитров, Коѕијас и Нимиц, имале и заеднички работен ручек. Од Виена, Коѕијас се врати во Атина, а Димитров замина за Софијa.

Инаку шефот на македонската дипломатија Никола Димитров од денеска престојува во Софија, каде што е предвидено да има билатерални средби со претставници на бугарските власти и да учествува на неформален состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија. Димитров во средата треба да се сретне со претседателот на Бугарија, Румен Радев, со премиерот Бојко Борисов и со неговата колешка Екатерина Захариева. Димитров и Захариева, ќе ги разменат и ратификуваните документи од договорот за пријателство, добрососедство и соработка со што практично ќе се заврши формалната постапка за стапување на договорот во сила. Меѓутоа, во најавата од министерството не се споменува можна средба на Димитров со грчкиот колега.

Според грчкиот јавен сервис ERT, средбата меѓу Димитров и Коѕијас треба да се одржи во четврток, додека другите тамошни медиуми резервирано објавуваат дека е можно и веројатно двајцата министри за надворешни работи да се сретнат на маргините на неформалниот состанок Гимних во Софија.

„Господата Коѕијас и Димитров одново ќе се сретнат, утре, четврток, во Софија, на неформалниот совет на министрите за надворепни работи од ЕУ со колегите од земјите кандидати за интеграција, објави утринава грчката државна телевизија.

Весникот Avgi, кој се смета за гласило на коалицијата на радикалната левица владејачката СИРИЗА, пишува дека „сѐ повеќе се згуснуваат чекорите за решавање на македонското прашање“, а по средбата во Виена веројатно е дека Димитров и Коѕијас одново ќе се сретнат во Софија. Со сличен став е и Kathimerini, според кој доколку не се случи нешто непредвидено, двајцата министри ќе имаат нова средба во бугарската престолнина.

Во однос на дводневните разговори во Виена, во Грција, освен соопштението од грчкото министерство за надворепни работи, кое според содржината беше идентично а и лиферувано во исто време со она од македонското министерство, не постојат дополнителни детали. Двата споменатио дневни весници откриваат дека нацрт спогодбата што Атина треба да му ја предложи на Скопје, не била доставена во Виена.

„Грција, од своја страна, изрази интерес да продолжат контактите се додека Скопје и Атина не стигнат до заеднички текст, односно т.н. спогодба, што ја предлага Коѕијас како основа за разговори. На тет а тет вечерата што ја имаа завчера вечерта двајцата министри, пред нивната вчерашна средба со Нимиц, имаа разговор за суштината и за процедуралните прашања“, пишува Kathimerini.

„На средбите на двајцата министри во канцеларијата на ОН во Виена, во изминатите два дена, спогодбата не беше ставена на маса, односно сетот предлози што ги подготвува Коѕијас како основа за дијалог. Претпоставка, сепак, е дека разговорите веќе се навлезени во суштината и на маса биле сите прашања – лесните, разбирливите и трнливите. Ова се случи завчера на билатералната средба на двајцата министри за надворешни работи, но и вчера кога им се приклучи и специјалниот медијатор од ОН за ‘македонското прашање’ Нимиц“, пишува весникот Avgi.



Спонзорирани линкови

Маркетинг