Ѕвер на четири тркала: Форд го претстави најбрзиот полициски автомобил во САД

Точка

09/10/2018

17:48

2.106

Големина на фонт

а а а

Од Форд велат дека на новиот полициски автомобил не може да му парира ниту еден досегашен полициски модел кога е во прашање забрзувањето од 0 до 100 километри на час.

Форд го најави новиот модел кој што би требало да собори низа на рекорди кога се во прашање полициските автомобили. Моделот 2020 Ford Police Interceptor Utility со погон на сите четири тркала и 3.0 EcoBoost V6 мотор на сите досегашни полициски тестирања се покажал како подобар и побрз од досегашните автомобили кои што ги користи американската полиција.

Максималната брзина на овој автомобил изнесува 240 километри на час, а благодарение на моќниот мотор и погонот на сите четири тркала, ниту еден досегашен полициски модел не може да му парира кога е во прашање забрзувањето од 0 до 100 километри на час. Сепак, интересно е тоа што од Форд не објавија никакви конкретни бројки, туку само се пофалија со тоа дека новиот автомобил едноставно е најбрз во тој сегмент.


Со оглед на тоа што станува збор за полициски автомобил, од Форд соопштија дека посебно внимание имаат посветено на перформансите кои што се најважни при потерите, па во зависност од буџетот достапни се некои дополнителни опции.

Ford Telematics системот дава информации за состојбата на автомобилот и штедењето на гориво, додека системот Perimetar Alert го следи движењето на лицата и објектите околу возилото, ги анализира движењата и може да препознае дали станува збор за потенцијално сомнително однесување.


На мониторот се прикажуваат лицата и возилата заедно со степенот на опасност кој го претставуваат, а доколку системот препознае потенцијална закана, прозорите ќе бидат подигнати, автомобилот заклучен и возачот ќе добие предупредување.

Со испораката на првите модели Форд ќе започне веќе следното лето, а полициските станици ширум САД веќе можат да го нарачуваат новиот автомобил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг