Магичен напиток: Погледнете како сокот од целер влијае на вашето здравје и убавина

Точка

10/10/2018

17:19

1.928

Големина на фонт

а а а

Познато е дека целерот ја подобрува крвната слика, циркулацијата, варењето, а поради витаминот А кој го содржи во себе, влијае и на здравјето на кожата.

Нутриционистката Кимберли Снајдер објаснува дека целерот е 95 отсто вода, а кога се зборува за кожата - хидратацијата е многу битна. 

Освен тоа, целерот содржи високо ниво на натриум со што помага и во варењето на храната и ја подобрува дигестијата.


Целерот е одличен за косата бидејќи го поттикнува растот и ја подобрува текстурата, објаснува Снајдер и додава дека целерот е често неинтересна билка за луѓето, но и дека истата заслужува простор на полицата во вашиот фрижидер.

Нутриционистката препорачува да го консумирате целерот како смути, а што се однесува до препорачаната доза, треба да испиете половина литар напиток од целер на празен стомак.

Потребни состојки:

- 1 и пол шолја исецкан целер

- половина шолја смрзнат или свеж ананас

- 1/4 шолја свежи листови од нане


Начин на припрема:

Во блендер измешајте ги сите состојки и веднаш консумирајте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг