Овие фотографии јасно покажуваат зошто никако не смеете да спиете со телефон

Точка

12/10/2018

11:01

3.546

Големина на фонт

а а а

Повеќето од нас, телефонот го ставаме на полнач пред да си легнеме да спиеме и не размислуваме за негативните последици на нашето здравје, но и нашиот живот.

На Фејсбук имавме прилика да видиме слики од пожари кои избиле бидејќи сопствениците на телефоните ги ставиле на полнач пред спиење и ги оставиле така во текот на целата ноќ. Фотографии од запалена перница и чаршав се доволно предупредување за оние кои сакаат да послушаат.

На најголем ризик се изложени тинејџерите и децата, бидејќи истражувањето ппокажало дека 53% од децата и тинејџерите, ги ставаат телефоните и таблетите да се полнат, точно пред да си легнат да спијат. Најстрашен е фактот дека најчесто ги оставаат под перница или на креветот.

Друго истражување покажало дека 72% од децата и 89% од тинејџерите користат најмалку еден уред пред спиење, во кревет. Сето тоа може да доведе до запалување на нивните кревети и да го загрозат целото домаќинство.

Важно е родителите да ги предупредат децата за опасноста од спиење со телефон, кој е приклучен на полнач. Обрнете внимание каде ги оставате полначите и во останатите делови од домот, а за да избегнете несреќа, користете само оригинални полначи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг