Извлечен бродот „Мис Стон“ од каналот Студенчишта

Се надмина инцидентот со бродот „Мис Стон“, кој делумно беше потонат во каналот Студенчишта и од кој беше излеана мала количина нафта. Со помош на брод од Хидробиолошкиот завод и дигалка бродот бил исправен и прицврстен. Се очекува во наредните денови бродот да се дислоцира од каналот. Во целиот зафат учествувала и екипа на ЈП „Нискоградба“, која со пумпи претходно ја отстранила водата од внатрешноста на бродот.