Луксузна вила со импресивна гаража

Точка

20/04/2017

16:14

3.067

Големина на фонт

а а а

Љубителите на автомобили веднаш ќе се заљубат во оваа луксузна резиденција.

Сместена во ексклузивното подрачје на море наречено La Jolla, оваа неверојатна вила има уникатен лифт кој води до огромната гаража со површина од 300 м2. Гаражата нуди доволно места за пет драгоцени автомобили. 

Во склоп на самата гаража се сместени и бројните ормари, перална и совршена работна станица. Приватната канцеларија со посебен влез, преубавиот аквариум со солена вода и бањата го прават ова место идеално за уживање со чаша од омилениот пијалок и поглед кон преубавите колекционерски модели. 

Оваа вила која се простира на површина од 500 м2 е дело на дизајнерот Бил Хајер, поседува и огромна спална соба исполнета со модерни парчиња мебел, камин, гардеробер и луксузно купатило. 

Гурманската кујна ја игра главната улога за организирање на коктел-забава со пријателите, додека нејзината кровна тераса е “шлагот на тортата”. Заедничкиот простор на оваа вила е дизајниран така што секоја забава и дружење со пријателите би поминала беспрекорно, а она што додатно го збогатува просторот е филмскиот проектор и екранот од 160 инчи, џакузи и вградена скара со фрижидер.

Цената на оваа вила изнесува 8.8 милиони долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk