Рајски остров: Луксузна викендичка на Миконос

Точка

27/04/2017

16:07

1.572

Големина на фонт

а а а

Познат како Pirgi Chateau, овој преубав имот се наоѓа на врвот на карпестиот рајски остров Миконос.

Оваа вила, на своите сопственици и нивните привилегирани гости им нуди 17 спални соби со купатила и изобилство од шармантни детали и луксузни поволности, со помош на кои секојдневниот живот тука изгледа како бајка. Цена? 11.7 милиони евра. 


Луксузната резиденција која се наоѓа на овој приватен имот зафаќа површина од 1400 м2. Миконос е остров, кој сам по себе е една од најпривлечните дестинации на планетава, а оваа вила се наоѓа помеѓу двете најубавите точки на овој остров – брегот Paradise и плажата Super Paradise. 

Најдобриот елемент е секако Infinity базенот, кој е поприлично близу и до самата плажа. Во склоп на вилата има и луксузна ложа која е идеално место за опуштено дружење со гостите, додека базенот, скарата и al-fresco трпезаријата едноставно се одраз на преубавото грчко море и небото.






Белите ѕидови и едноставниот мебел допринесува за смирениот амбиент, додека ведрото сино небо и морската вода во иста боја совршено ја оправдуваат цената на оваа резиденција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk