Еден од најдобрите центри во НБА: Најдобрите потези на ,,ѕверот” Шекил О‘Нил (Видео)

Дерби

23/08/2017

11:49

1.065

Големина на фонт

а а а

Како е да бидеш Шекил О‘Нил? Тој самиот најдобро знае.

Шекил Рашан О’Нил е роден на 6 март 1972 година и е добро познат по својот прекар „Шек“. Тој стана познат американски кошаркар благодарение на неговата висина 2.18 cm и тежина од 150 килограми. Тој воедно беше и еден од најтешките играчи кои играле во НБА. Низ неговата 18 годишна кариера, О’Нил ја користеше висината и снагата за да ги совлада противниците за постигнување поени и скокови, а беше еден од најнепосакуваните играчи за чување под кошот. О’Нил е обожаван од медиумите поради неговата шеговитост во интервјуата. Во периодот на славата сними и неколку филмски комедии кои наидоа на добар прием кај јавноста, но и издаде 4 рап албуми.

Во неговиот живот бил поврзуван со голем број познати личности ,но тој беше во брак со својата поранешна сопруга Шони Нелсон од 2002 до 2011 година, која беше значително пониска од него.

Тој доби голема чест од неговиот поранешен клуб Мајами, кој го повлече неговиот дрес со број 32. Исто така, доби статуа пред Стејпл центар на Лос Анџелес Лејкерс и стана петтиот член во историјата на Лејкерс кој добил статуа. Во моментов работи како аналитичар на телевизискиот програм Inside the NBA.

Погледнете ги неговите најдобри игри во неговата 19.годишна кариера во НБА.