Многумина велат дека Калум Вон Могер е наследникот на Шварценегер.
Режисерот Џорџ Гало одлучил да сними филм за браќата Вајдер, а насловот на филмот е “Bigger”. Филмот ќе ја следи приказната на браќата кои се основачи на најголемиот бодибилдинг натпревар на светот – Мистер Олимпија.
Во овој филм ќе бидат претставени многубројни легендарни бодибилдери, а Арнолд Шварценегер секако ќе биде вклучен во приказната. Но, бидејќи познатиот актер и политичар има 70 години и не е способен да снима сцени во кои имал 25 години, за неговата улога е избран младиот бодибилдер Калум Вон Могер, кој и самиот е добитник на престижната бодибилдинг титула.
Калум сериозно се припремал за оваа улога и тренирал деноноќно со цел да ја доближи својата форма до онаа на Арнолд. Во таа мисија му помагал и самиот Шварценегер кој му покажал како правилно да ги обликува одредените делови од телото. Тој бил импресиониран од овој млад бодибилдер и изјавил дека го чека блескава кариера.
Иако улогата на Калум во овој филм нема да биде главна, ова е шанса тој да добие и други филмски прилики.
Во продолжение, погледнете го неговиот тренинг: