Мерцедесот на Хитлер не успеа да се продаде и покрај понудата од 7 милиони долари

Точка

30/01/2018

10:27

2.271

Големина на фонт

а а а

Еден од само осумте предсериски примероци на блиндираниот Mercedes-Benz 770K Grosser Open Tourer од 1939 година, кој бил во сопственост на Адолф Хитлер, не го пронашол новиот сопственик на неодамнешната аукција.

Иако заинтересираните купувачи достигнале понуда и до седум милиони долари на аукцијата, т.н. “Super Mercedes” остана непродаден бидејќи не ја достигнал најниската цена која анонимниот продавач ја поставил како лимит. 


Речиси 80 години стариот кабриолет бил запленет од американската војска во Франција по завршување на Втората светска војна. Автомобилот сменил неколку сопственици, пристигнал до музејот во Лас Вегас, а американските медиуми веруваат дека е моментално во сопственост на анонимен Русин, од 2009 година.


Овој автомобил бил специјална нарачка на личниот возач на Хитлер и офицерот на злогласената СС единица, Ерик Кемпка. Моделот на Mercedes учествувал на неколку нацистички паради во периодот помеѓу 1939 до 1941 година, а бил користен и во прилика за посета на официјални претставници.


Со цел фиферот да биде заштитен внатре, автомобилот е оклопен со арматура од двете бочни страни и по подот. Шофершајбната била отпорна на куршуми, а зад седиштата се наоѓала мобилна оклопна плоча.

За погонот бил задолжен 7,7-литарски осумцилиндричен мотор со 230 коњски сили, во комбинација со петтостепен рачен менувач.


Овој модел кој аукциската куќа “Worldwide Auctioneers” го опишала како “конечен споменик на триумфот на сојузниците над злото”, е еден од осумте произведени предсериски примероци на моделот B150 од серијата 770К од кои преживеале само пет, а три се во приватна сопственост, вклучувајќи го овој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk