“Филм за возрасни” со Гал Гадот? Не, во прашање е нешто полудо!

Точка

05/02/2018

10:02

5.704

Големина на фонт

а а а

На интернетот веќе некое време кружат “филмови за возрасни” во кои главната улога ја имаат некои од најпознатите актерки и пејачки на денешницата. Проблемот е во тоа што станува збор за прилично убедливи лажни филмови.

Еден од најпопуларните примери е оној во кој популарната актерка Гал Гадот има однос со својот полубрат. Секако, на медиумите веднаш им стана јасно дека нешто сериозно не е во ред со видеото, бидејќи не станува збор за нејзиното тело, но и лицето изгледа сомнително. 


Станува збор за видео кое е направено со помош на алгоритам на машинско учење, а ваквите снимки се нарекуваат “deepfakes” (според псевдонимот на анонимниот креатор).

Апликацијата FakeApp која интернет “уметниците” ја користат за да ги создадат ваквите снимки е всушност прилично едноставна за користење, посебно за оние кои веќе имаат некои основни познавања за ваквите алгоритми.

Иако на прв поглед делуваат убедливо, секој оној кој детално ќе проучи барем едно од видеата кои кружат на интернет, брзо ќе сфати дека станува збор за лажна снимка.

Сепак, резултатите се импресивни доколку се земе предвид дека видеото е направено од корисник на Reddit, а не некое големо специјализирано студио. 

Денес постојат алати кои врз основа на аудиоматеријал можат вештачки да создадат комплетни говори или Face2Face кој овозможува убедливо да го промените и видеото, а лажната порнографија е доказ дека полека се движиме кон свет во кој сè потешко ќе биде да се разликуваат лажните од реалните снимки.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk