Озлогласен дилер киднапирал медицински сестри и ги натерал да ги вакцинираат сиромашните

Точка

09/03/2018

12:05

5.738

Големина на фонт

а а а

Шефот на една бразилска банда се досетил како да влијае врз лошиот здравствен систем во Бразил. Тој неодамна киднапирал две медицински сестри и ги натерал да ги вакцинираат луѓето во Салгеиро фавелите против жолта грозница.

Томас Виеира Гомез, познат и како 2N, киднапирал двајца медицински работници и ги натерал да им дадат вакцини против жолта грозница на сиромашните, по што тие за локалните медиуми изјавиле дека Гомез, инаку озлогласен дилер на дрога, не бил агресивен кон нив. 

##https://twitter.com/Sherm_Dean/status/963903083381174273##

Најмалку 25 луѓе починале од жолта грозница оваа година во Бразил. Иако владата поставува центри за вакцинација ширум земјата, помошта ретко стигнува до најсиромашните подрачја. Поради тоа, Гомез одлучил да ја преземе контролата во свои раце.


Дури и државните функционери го поддржаа својот потег, а поранешниот министер за животна средина во Бразил, Карлос Минк на Твитер напишал дека потегот на Гомез бил во служба на јавното добро.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk