Машка мода: Како да носите поло маици оваа пролет?

Точка

30/03/2018

16:27

7.904

Големина на фонт

а а а

Пристигнува топлиот период во годината, а тоа значи дека сè повеќе време ќе поминуваме во маици по кратки ракави. Маиците понекогаш знаат да делуваат несериозно и премногу опуштено, па затоа поло маиците се одличен избор за оние кои сакаат да изгледаат елегантно, а кои не сакаат да носат кошули.

Ние денеска се одлучивме да ви дадеме неколку совети како оваа пролет да ги носите вашите омилени поло маици. 

Поло маица со тексас јакна

Добрата поло маица и тексас јакната се совршен спој. Со ваквата комбинација ќе постигнете одличен контраст, а поло маицата ќе направи да изгледате поелегантно, но сепак не пренападно.


Поло маица со џемпер

Доколку не сакате да носите кошула под џемперот, тогаш поло маицата е совршена за вас бидејќи го постигнува истиот ефект, а е многу поудобна за носење. Тогаш најмногу до израз доаѓаат маиците со крагна, па поради тоа бирајте маици кои имаат убави и привлечни крагни.


Поло маица со блејзер

Ова е можеби и најдобрата пролетна комбинација бидејќи истовремено овозможува да делува лежерно и елегантно. Опуштените блејзери се вклопуваат со поло маиците, а доколку во ормарот имате неколку различни маици, тогаш секој ден можете да изгледате поинаку и можете да правите различни комбинации на бои.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk