По 35 години брак и девет деца, дознал дека цел живот бил неплоден

Супермен

19/04/2018

11:32

6.081

Големина на фонт

а а а

Еден маж од Мароко неодамна поднел барање за развод откако по рутински преглед дознал дека е неплоден речиси цел живот и дека не може да биде татко на девет деца.

Животот на мажот кој работел како професор му се променил по посетата на уролог. За време на прегледот, докторот открил мала циста на неговиот тестис, по што му објаснил дека ја има веќе подолго време. 

Откако тој бил испратен на дополнителни испитувања се покажало дека цистата е безопасна, но дека мажот е стерилен речиси цел живот. Проблемот е што во време кога професорот го дознал тоа, тој бил веќе 35 години во среќен брак, од кој имал девет деца.


Пред поднесување на барањето за развод професорот направил уште неколку тестови кои потврдиле дека е неплоден и дека никако не може да биде татко на тие деца. Анализите покажале дека цистата која го прави стерилен ја има повеќе од педесет години.

Прељубата во Мароко е казнива па на неговата сопруга ѝ се заканува и затворска казна доколку се докаже дека е виновна, пишува Oddity Central. Откако дознал за неплодноста, освен што побарал развод од сопругата, тој се одрекол и од сите родителски права кон децата. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk