Погледнете во внатрешноста: Ова е најскапиот апартман на Менхетен

Супермен

19/04/2018

16:23

1.977

Големина на фонт

а а а

Најскапиот стан на Менхетен неодамна се најде на пазарот со цена од неверојатни 180 милиони долари, која е двојно поголема од моментално најскапиот имот во овој град, во сопственост на милијардерот Мајкл Дел.

Најновата понуда на градот кој никогаш не спие е петкатниот пентхаус, сместен во зградата “The Crown”. Доколку се продаде по цената која е дадена, овој пентхаус ќе стане најскапиот апартман во ова место. 


“Купувач е европски инвеститор кој поседува неколку куќи ширум светот, како и станови”, наведуваат некои извори.


Инаку, овој дом се простира на површина од околу 1400 квадратни метри и доаѓа со приватен базен на највисокото ниво и одвоен лифт кој од лобито вози директно до пентхаусот.


Што се однесува до планот на просторот, тука е пијано ложата и галеријата, како и играчница, две кујни, тераса која во целост го “обвиткува” апартманот и два базени заедно со парна соба.


Покрај овој апартман, во зградата ќе се најдат и хотелот “Аман” со осумдесет и три соби, спа центар, клуб за членови, џез клуб, бар за љубителите на алкохолот и цигарите и разни ресторани.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk