Автомобилскиот гигант со искрена изјава: “На нашите купувачи не им е потребен автопилот – сите имаат лични шофери”

Супермен

17/05/2018

16:34

1.728

Големина на фонт

а а а

Компанијата Rolls-Royce не планира да воведе системи за автономно возење во своите модели.

Поголемиот број производители на автомобили ширум светот напорно работат на развој на системи за автономно возење што може да го замени возачот кога тој ќе посака. Сепак, има производители кои не го следат овој тренд. Меѓу нив е и производителот на суперлуксузните автомобили –Rolls-Royce. 

Rolls-Royce не го прави тоа од причина што сопствениците на нивните луксузни модели уживаат да се возат во автомобилите, но не и да ги управуваат.


Директорот на компанијата, Торстен Милер-Отвос вели дека купувачите на нивните автомобили спаѓаат во класата на луѓе кои имаат свој личен шофер. Оние кои самостојно го возат својот Rolls-Royce претставуваат “статистичка грешка”.

“Важно е да се сфати дека не повеќето, туку сите наши купувачи имаат лични шофери”, објаснува Милер-Отвос.

“Дури и доколку сопствениците на Rolls-Royce немаат постојано вработен шофер, тие ќе ги ангажираат кога, да речеме, ќе посакаат да одат на опера или на вечера во ресторан”.

Торстен Милер-Отвос додава дека нема смисла да ги опремуваат нивните возила со самовозечка технологија која би имала улога на шофер – кога шофери веќе постојат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk