Пронашле богатство во својот двор, но вистинското изненадување следело кога дознале кому му припаѓа

Супермен

18/05/2018

16:52

7.721

Големина на фонт

а а а

Детскиот сон за пронаоѓање на скриено богатство му се остварил на еден пар од Њујорк, кога во градината од својот дом пронашле метален сеф полн со злато, дијаманти и банкноти.

Богатството од 52 илјади долари кое тие го пронашле им припаѓа на нивните соседи кои биле ограбени пред седум години. Метју и Марија Емануел го пронашле сефот кога најмиле работници да им посада ново дрво во градината. Тие четири години живееле во домот потполно несвесни што се крие во нивната градина. 


Дури кога елен ги изел остатоците од старото дрво, тие ја забележале металната кутија.

“Не знаевме дека станува збор за сеф, мислевме дека внатре има некои кабли за електрична енергија”, објаснил Метју.


Работниците ја извадиле кутијата, а внатре биле пронајдени златни прстени, вклучувајќи и веренички прстен, банкноти од по 100 долари и полускапоцени камења.

“Беше неверојатно. Внатре стоеше лист со адресата на нашите соседи. Тропнав на нивната врата и ги прашав дали биле ограбени, а тие го потврдија тоа. Госпоѓата беше во шок бидејќи полицајците ѝ кажале дека никогаш нема да ги види своите работи”, изјавил тој. 


Полицијата известила дека грабежот се случил во 2011 година и притоа бил украден сефот. Марија изјавила дека многумина ја прашале дали ќе го вратат пронајденото богатство, но таа не се двоумела.

“Тука нема прашања, работите не се наши”, изјавила таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk