Објавена книга во чест на брендот Ферари, која чини вртоглави 25.000 евра

Супермен

13/06/2018

19:44

2.674

Големина на фонт

а а а

Фановите на брендот Ферари веројатно се воодушевени поради новата уметничка книга која е создадена во чест на долгогодишната историја на оваа компанија во светот на автомобилизмот.

Книгата ја објави издавачот Taschen во лимитирано издание и таа изобилува со содржини од архивата на Ферари, како и од приватните колекции. Внатре во книгата можете да пронајдете многу фотографии од кои многу никогаш не се јавно покажани, како и документи кои нудат поглед од блиску на ексклузивниот свет на Ферари.


Книгата ја уреди италијанскиот писател и новинар Пино Алијеви и сега е достапна во верзија од црвена кожа, а во продажба ќе се најдат само 1.947 поптишани и нумерирани книги. Овој број е поделен во две категории: првите 250 се американски изданија, додека останатите се колекционерски.


Секое уметничко издание се продава по цена од 25.000 евра и доаѓа со сопствен држач за читање, дизајниран од Марк Њусон. Држачот за читање е инспириран од двојниот цилиндричен мотор и е направен од рачно свиткан, скелетиран хромиран челик. Уметничките изданија на оваа книга се потпишани од Пјер Ферари, син на Енцо Ферари и Серхио Маркони, кој е претседател и извршен директор на Ферари.


Во меѓувреме, колекционерските изданија се продаваат по цена од 5.000 евра и се претставени во алуминиумска кутија, која е исто така дизајнирана од Њусон. Оваа кутија е направена според моторот на Ферари, а книгите ги потпишува Пјер Ферари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk