Машка мода: Брендот Massimo Dutti претстави елегантна колекција за лето 2018

Супермен

18/06/2018

12:14

3.459

Големина на фонт

а а а

Кога пристигнуваат високите летни температури, многу е тешко да изгледате елегантно бидејќи тогаш се што сакате е да го поминете денот во лежерна маица и шорцеви.

Сепак, понекогаш се случува да треба да се појавите на некој настан кој од вас бара да покажете дека имате стил и да знаете како да се облечете. Токму за овој повод е креирана новата колекција на Massimo Dutti која е разновидна и која нуди елегантни работи за високите летни температури. 


Колекцијата првенствено се состои од кошули, панталони и шорцеви. Сите модели се направени од лесни материјали кои пропуштаат воздух и кои ѝ овозможуваат на вашата кожа да дише.

Комбинациите кои можете да ги направите со помош на кошулите и шорцевите се навистина генијални и на овој начин ќе успеете да останете елегантни, но притоа да се чувствувате удобно и на +35 Целизусови степени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk