Xeric Trappist-1 Moonphase: Совршен часовник за љубителите на астрономијата

Супермен

22/06/2018

10:52

2.688

Големина на фонт

а а а

Xeric Trappist-1 Moonphase претставува идеален модел за секој љубител на астрономијата. Бројчаникот на овој часовник го претставува погледот од Интернационалната вселенска станица, а е креиран од посебен кристал познат како хесалит и развиен во лабораториите на НАСА.

Сите астрономи, по првиот поглед кон небото во раното детство веднаш стануваат фасцинирани од се што е поврзано со вселената. Како што небото за Галилеј станало поинтересно по креирањето на телескопот, нас отсекогаш не привлекувале далечните галаксии и неистражените светови. 


Xeric Trappist-1 може да ви помогне да уживате во спектаклот кој го пружа универзумот, додека неговиот бројчаник кој претставува импресија на космосот, исто така ги емитува и моменталните месечеви мени. Наречен по соларниот систем составен од седум планети кој е оддалечен 39 светлосни години од нашиот, овој неверојатен часовник наместо стандардниот приказ на времето со сказалки, поседува планети кои светат во темница и го покажуваат времето.


Часовникот е постојано синхронизиран со нашата Месечина, па затоа е многу лесно да испланирате романтична вечера на вистински начин, посебно што низ стаклото на овој модел можете да ги гледате моменталните мени на земјениот сателит во реално време.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk