Пејачот се почести со новиот модел Lamborghini Aventador S од 500.000 долари

Супермен

16/07/2018

17:40

4.830

Големина на фонт

а а а

Канадаскиот пејач и текстописец, Џастин Бибер е познат како голем љубител на автомобилите. 24 годишниот Бибер има завидна колекција од егзотични автомобили, како Liberty Walk Ferrari 458 Italia, прилагоден Audi A8, 997 Porsche Turbo и неколку Ламборгини модели.

Всушност, Бибер многу го сака брендот Lamborghini Aventador S, кој минатиот петок му беше доставен пред врата. Автомобилот од 500.000 долари го привлече вниманието на оние кои поминуваа. 


Џастин после доставата на автомобилот со камион направи неколку фотографии, веројатно за да ги сподели на социјалните мрежи. Неговиот Lamborghini Aventador S е вистинска ѕверка од суперавтомобил. Поседува 6.5 литарски V12 мотор со внатрешно согорување и 730 коњски сили, благодарејќи на кои од 0 до 100 забрзува за 2.9 секунди и поседува максимална брзина од 350 километри на час.





Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk