Мажите полудеа, костими за капење кои буквално се лепат за кожата

Супермен

18/07/2018

19:23

6.155

Големина на фонт

а а а

Една од причините поради кои мажите го обожуваат летото е бидејќи имаат можност да погледнат многубројни девојки во преубави костими за капење. Како што минуваат годините, костимите за капење стануваа сè помали и оскудни, а жените покажуваат сè повеќе кожа.

Поради тоа во Мајами на летната модна ревија прикажани се многу чудни костими за капење кои се креирани така што буквално се лепат на кожата. Овие костими едвај ги прекриваат интимните делови од женското тело, а остатокот од телото е слободен. Дизајнерот на овие бикини вели дека на овој начин женската убавина и телото доаѓаат во полн израз и дека на овој начин најефикасно се елиминираат досадните траки за врзување кои само го расипуваат изгледот.


Оваа колекција не помина баш најубаво кај припадничките на понежниот пол, бидејќи сметаат дека жените се претставени како сексуални објекти. Припадничките на феминистичките движења сакаат да прекинат ваквите прикажувања на женското тело и сметаат дека фокусот на женската убавина не треба да биде насочен кон сексуалните атрибути.

Сепак, мажите со насмевка на лицето ја прифатија оваа колекција и рекле дека би биле воодушевени доколку ги здогледаат девојките на плажа во овие костими.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk