Сексуалните фантазии за кои девојките молчат

Супермен

14/08/2018

11:41

5.899

Големина на фонт

а а а

Не е тајна дека девојките воглавно не сакаат да зборуваат за своите сексуални фантазии и дека често не ги споделуваат со своите партнери. Тоа го потврдила и една онлајн анкета, во која девојките ги откриле омилените фантазии, односно тоа што сакаат да го испробаат, но срам им е да признаат.

Секс пред огледало


Нема личност која барем еднаш во животот не се запрашала како изгледа додека води љубов. Затоа, идејата за секс пред огледало е многу примамива. Погледот кон партнерот е возбудлив, но уште повозбудлив може да биде погледот кога ќе се видите двајцата заедно. Затоа не се воздржувајте во исполнување на оваа фантазија.

Доминантна улога


Митот за тоа дека жените преферираат пасивност во интимните моменти, треба што побрзо да го заборавите. Припадничките на поубавиот пол, и тоа како сакаат да доминираат во кревет, да превземат иницијатива и да го контролираат својот партнер. Во таа фантазија спаѓа и исполнувањето на сите желби кои девојката ги има во тој момент.

Секс со заврзани очи


Кога имате нешто заврзано на очите, ја спречувате предвидливоста во интимните ситуации. Кога не гледате, не знаете на кој дел од телото ќе почувствувате бакнеж или допир, нагласено е чувството на исчекување и загарантирано е поголемо уживање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk