Моделот Volkswagen Jetta од филмот "The Fast and The Furious" повторно понуден на продажба

Супермен

21/09/2018

15:26

2.455

Големина на фонт

а а а

Volkswagen Jetta кој бил користен во текот на снимањето на филмот "The Fast and The Furious" повторно е понуден на продажба во САД.

Моделот ја стекнал својата слава додека го возеше Џеси (Чед Линдберг) во филмот од 2001 година, а сега го бара својот нов сопственик. Автомобилот е во оригиналната и навистина одлична состојба, а се уште ги поседува спојлерот и налепниците токму како и во филмот. 


Откако "The Fast and The Furious" се појави во кината, Jetta бил продаден на аматерскиот возач и љубител на автомобили Френки Муниз. Потоа, во 2016 година, овој автомобил е продаден за 46 илјади долари, а неговата цена постојано растела. Компанијата "Luxury Auto Collection" сега го продава овој модел за 99 илјади долари.

На задниот спојлер од автомобилот стојат потписите на починатиот актер Пол Вокер, Чед Линберг, како и на режисерот Роб Коен. Jetta се придвижува со помош на 2,0-литарски четирицилидричен мотор во комбинација со четиристепен автоматски менувач, а силата се пренесува на предните тркала. Опремен е со Нитро, како и со одличен аудио систем.


Автомобилот поминал 37.175 километри, а по снимањето на филмот бил вграден заштитен кафез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk