Пејачот даде контроверзна изјава дека не се идентификува како муслиман: "Сметам дека најважно е да се биде добра личност"

Супермен

16/11/2018

17:16

2.728

Големина на фонт

а а а

Во најновото интервју некогашната британска тинејџерска ѕвезда Зејн Малик истакна дека повеќе не се идентификува со ислам такашто повеќе не е муслиман, пренесува Индепендент.

Поранешниот пејач на групата One Direction ја потврди веста на британскиот Vogue наведувајќи дека не верува во ниту една религиска доктрина. 

Малик исто така рекол дека повеќе не практикува вера, вклучувајќи и секојдневни молитви.

"Не велам дека сум муслиман. Верувам дека религиозните верувања треба да бидат крајнo интимни и дека секој поединец треба да ги задржи за себе", рекол Малик.

Покрај тоа, Зејн Малик рекол дека не сака генерално да зборува за вера, бидејќи таа приказна секогаш се претвара во бизарна религиозна дебата на филозофите.


"Не верувам дека мора да јадете одредено месо кое религијата Ви го одредува, не верувам дека мора да прочитате молитва на одреден јазик пет пати дневно. Не верувам во било што од ова. Сметам дека најважно е да се биде добра личност", додава тој.


Инаку, овој потег предизвика контроверзни реакции на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk