Кој е првиот словачки милијардер?

Супермен

10/12/2018

16:29

1.882

Големина на фонт

а а а

Во прашање е 49-годишниот Иван Чренко, мнозински сопственик на компанија за недвижнини, „HB Reavis“. Неговото богатство е проценето за околу 1.1 милијарди долари и со тоа е на 1.795-то место на листата на најбогати луѓе во светот.

Иако господинот Чренко е најбогатиот Словак, тој во медиумите не се појавува со тој повод. Тој максимално ја задржува својата приватност за себе. Дури ниту на сајтот на магазинот Форбс, во статијата за него нема фотографија од него.

Чренко почнал да се занимава со недвижнини во раните 90-ти, а компанијата „HB Reavis“ го развила првиот бизнис центар во Братислава и првиот врвен трговски центар.


Минатата година, во една од најголемите пост-брегзитовски трансакции за недвижнини, „HB Reavis“ продале речиси завршен проект по цена од 400 милиони долари, додека во главниот град на Полска, Варшава, ја градат една од најголемите згради во Европа.

Ниту на интернет, ниту во печатените медиуми нема да пронајдете ниту едно интервју со Чренко, а како што дознавме, постојат само две достапни фотографии на кои се гледа тој. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk