Дрзок руски свештеник: Носи брендирана облека и промовира луксузен начин на живот на социјалните мрежи

Супермен

12/12/2018

16:11

3.030

Големина на фонт

а а а

Руската православна црква води истрага за еден од своите свештеници поради серија фотографии на Инстаграм каде се фали со луксузната облека и аксесоари од познати брендови, рекол портпаролот на црквата.

Вајчеслав Баскаков од Твер, во близина на Москва предизвика контроверзии минатата недела со фотографиите кои ги објавува. Тој се фотографирал со чанти од марката Луи Витон и Гучи облека, а потоа фотографиите завршиле на социјалните мрежи. 

Откако приказната се појави во јавноста, неговиот Инстаграм профил бил деактивиран, но веќе било премногу доцна со оглед на тоа дека светските медиуми веќе ги објавиле фотографиите.


Руските свештеници и претходно привлекувале внимание со луксузниот начин на живот. Во 2012 година поглаварот на Руската православна црква Патријархот Кирил се нашол на удар на критики поради што на раката носел скап часовник од брендот Бреге.

Александар Волков, портпаролот на патријархот Кирил рекол дека дисциплинскиот комитет на црквата побарал цел случај да се истражи и да се преземат мерки со цел свештеникот да се вразуми.


"Вака нескромен и развратен начин на живот не би требало да одликуваат свештениците на нашата црква. Свештено лице не може да биде свештеник наутро, а навечер да руча што и да посака", рекол Волков.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk