Fiat 500 доби место во њујоршкиот Музеј на модерна уметност

Супермен

17/12/2018

11:17

1.448

Големина на фонт

а а а

Њујоршкиот Музеј на модерна уметност е еден од највлијателните "барометри" на модерната уметност на планетата, а сега за свој нов експонат го избра класичниот Fiat 500 F.

Автомобилот ќе биде дел од претстојната изложба со наслов "The Value of Good Design" која ќе се отвори на 10-ти февруари и ќе трае до 27-ми мај 2019 година. Изложбата е фокусирана на работите со добар дизајн кои се воедно и економични. 


Fiat 500 F кој се произведувал од 1965 година до 1972 година не е случајно избран - станува збор за најпопуларната верзија од оригиналниот модел Nuova 500 чие производство траело 18 години. За дизајнот на моделот 500 е заслужен долгогодишниот директор Данте Гиакоса кој дизајнирал автомобили за Fiat и пред Втората светска војна.


Станува збор за Topolinо од триесеттите години на минатиот век со кратко меѓуосовинско растојание и мал мотор со водено ладење од 500 кубици. Topolinо подоцна довел до развој на моделот Nuova 500 кој исто така имал мотор од 500 кубици. Дизајнот на Гиакоса овозможил доволно место во автомобилот за возач и три патници иако возилото е долго три и широко 1,3 метри, а истото овозможувало и простор за багаж, сместен во предниот дел на автомобилот.

Во периодот од 1957 до 1975 година биле продадени речиси 4 милиони примероци.




Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk