Најбогатиот човек на светот открил која особина ја смета како најважна за успех

Супермен

14/03/2019

15:22

2.575

Големина на фонт

а а а

Според листата на Форбс, милијардерот, основачот на Амазон, Џеф Безос моментално е најбогатиот човек на светот и е еден од најуспешните луѓе на денешницата.

Иако невозможно е да издвоите само една карактеристика по која тој и другите успешни луѓе се разликуваат од останатите. Безос во разговор за книгата „Think Like Amazon“, открил кои особини ги смета за најважни за успех, а тоа е да бидеш несфатен.

„Научив да бидам инвентивен и пионер во својата област, а тоа вклучува и подготвеност долго да бидете несфатени. На самиот почеток, кога воведовме рецензија за корисниците, некој ми рече дека не разбирам како треба да се води работата. Ми рече дека заработката доаѓа од продажба на работи, па нема смисла да допуштам негативни коментари. Кога го прочитав тоа писмо, помислив: 'Ние не заработуваме преку продажба на работи. Заработуваме така што им помагаме на купците да донесат одлука за купување“, рекол Безос.


Се покажало дека бил во право. Рецензијата на производите, позитивните и негативните, им помагале на купците да одлучат кој производ сакаат да го купат, а поради така изградената доверба, Амазон продавал премногу.

Додал дека секогаш мора да бидете подготвени на критики, но дека сами мора да одлучите дали ќе им верувате или не.


„Секој пат кога работите на нешто големо, нешто што ќе донесе промена, мора да бидете подготвени на критика. Тоа ќе бидат добронамерни критичари кои или погрешно ве разбрале или имаат поинакви ставови, а ќе бидат и злонамерни. За да успеете, мора да ги игнорирате, мора да бидете истрајни во вербата на својата визија, да се фатите за работа, да останете фокусирани и ќе остварите сè“, рекол тој. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk