"Извинете поради миризбата": Славниот боксер го покажа својот стан и ги шокираше сите

Супермен

21/03/2019

17:01

3.082

Големина на фонт

а а а

Професионалниот боксер Ентони Џошуа, чие богатство според Форбс се проценува на 39 милиони долари, покажа како изгледа неговиот стан и со тоа ги изненади многумина.

Во неговиот скромен стан нема ниту луксуз ниту е прикажано неговото богатство, а мебелот дури е прилично и стар, што најдобро се гледа по фотелјата и каучот чија кожа започнала да се лупи. 

"Ги имам во последните седум години. Знаете како се вели, ако не е искинато немојте да поправате. Удобни се и функционални, можам да се опуштам и немам потреба да ги менувам", вели тој.


Ја покажал и малата кујна која не се разликува многу од кујната на некој "обичен смртник" и откри што чува во фрижидерот.

"Нема шампањ, само вода и цедени сокови", објасни смеејќи се.

Неговата спална соба исто така е мала, со обичен кревет и без дополнителни украси. Покрај креветот има крст кој го добил од својата мајка.

"Извинете поради миризбата, сепак ова е тоалетот", рекол боксерот покажувајќи накај тоалетот.


Потребно е се нагласи дека ова е станот во кој Џошуа престојува додека тренира, а покрај него поседува и раскошна вила, но очигледно дека не му пречи престојот во скромно опкружување.

"Кога луѓето ќе го видат ова, често ме прашуваат зошто не сум се преселил. Поради тоа што ова добро ми функционира. Мирно е, секој има свое место, имам каде да спијам, имам каде да ја чувам храната, имам сè што ми е потребно за тренинг. Најдобро од сè е што теретаната е оддалечена на само две минути, па немам изговор за избегнување на тренинзите", рекол Ентони.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk