Гугл го лансираше новиот пребарувач Chrome 74 и воведе темен режим

Супермен

24/04/2019

16:45

1.345

Големина на фонт

а а а

Гугл денес официјално го лансираше новиот пребарувач Chrome 74 за Windows, Mac и Linux оперативните системи, покрај кои воведе и нов темен режим за корисниците на Windows 10.

Истиот темен режим пристигна минатиот месец и на MacOS заедно со пребарувачот Chrome 73. Chrome сега автоматски ќе се поврзува со темниот режим во Windows 10. Крајниот резултат е дека изгледа речиси идентично како пребарувач за време на анонимно прегледување. 

Иако Гугл го воведува овој темен режим на Windows, компанијата сè уште не го вклучила целосно за сите корисници на Гугл.


"Можеме да потврдиме дека оваа функција сега им ја овозможуваме на малиот број корисници на Chrome 74 и дека во блиска иднина ќе стане достапна и за останатите корисници", појаснуваат од Гугл.

Меѓутоа, доколку не сакате Гугл во целост да го овозможи темниот режим, постои кратка постапка како да го направите тоа сами.

Пронајдете ја кратенката кој ја користите за да отворите Chrome, додајте "--force-dark-mode" (без наводници) на крајот од локацијата кон која целите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk