Не е шега: Запознајте ја најнапредната количка за пазарење на Ford

Супермен

25/04/2019

14:52

2.318

Големина на фонт

а а а

Ford се одрекува од производството на класични автомобили во корист на кросоверите, но по се изгледа имаат време и за вакви новини.

Станува збор за досега најнапредната количка за пазарење во супермаркети. Секако, таа нема да ви го олесни купувањето и да го направи поевтино, освен ако со себе не ги земете своите деца кои ќе го стекнат своето прво возачко искуство токму со оваа количка. 


Со ваквите колички, детските шопинг “авантури” се далеку посигурни бидејќи Ford ги опремил со систем втемелен на автомобилската технологија “Pre-Collision Assist” која овозможува автоматско запирање во опасни ситуации. Секако, со овие колички, Ford на допадлив начин ќе го сврти вниманието кон сигурносните системи во своите автомобили, а нив ги претставува како уште една “паметна иновација” за решавање на секојдневните проблеми.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk