„Ги почитувам само Роџер, Рафаел и Новак... Кој друг има овде? Покажете се“

Точка

12/06/2019

16:08

2.346

Големина на фонт

а а а

Некогашниот најдобар тенисер на светот, Борис Бекер, остро ја критикувал младата генерација тенисери.

Тој истакнал дека играчите помлади од 28 години мора да се покажат и да влезат во трката за освојување на Грен слем турнирот.

Медиумите потсетуваат дека последните десет големи натпревари ги освоиле 30-годишници, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.


Во нивното друштво пробал да се „вмеша“ и 25-годишникот Доминик Тим, но шпанецот го совладал во две последователни финалиња на Ролан Гарос.

„Тоа не е добро. Мора да го ставиме под знак прашалник квалитетот и ставот на секој играч помлад од 28 години. Јас можам да ги почитувам само Роџер, Рафаел и Новак. Кој има друг? Покажете се, дадете ми нешто за што можам да зборувам“, рекол Бекер.


Германецот, кој го освоил Вимблдон како 17-годишник, истакнал дека тука не се работи за форхенд ударите или физичката подготвеност, туку и за психичката состојба, состојбата на умот и ставот кој ја прави разликата помеѓу победниците и губитниците. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk