Рамос се жени, а Роналдо не е поканет на венчавката поради една ситуација

Супермен

13/06/2019

10:04

4.863

Големина на фонт

а а а

Серхио Рамос следниот викенд ќе прави венчавка во Севиља, а на церемонијата се поканети дури 500 гости.

Интересно, еден од тие 500 поканети нема да биде Кристијано Роналдо, според пишувањата на “Marca”. Иако со него во Реал Мадрид ја делеше соблекувалната цели девет години, Рамос не го поканил Португалецот. За споредба, на свадбата ќе се појават Дејвид и Викторија Бекам, како и Шакира и Жерар Пике, ривалот на Рамос од Барселона. 

“Marca” истакнува дека Серхио Рамос не го поканил Роналдо бидејќи тие не се во најдобри односи откако Португалецот се одлучи на нов предизвик и замина во италијанскиот Јувентус. Капетанот на Реал очигледно не ја оправдува ваквата одлука.

Помеѓу гостите ќе се најдат и Зинедин Зидан и Флорентино Перез, а Рамос се надева дека таму ќе биде и Икер Касиљас, но неговото доаѓање сè уште не е потврдено бидејќи закрепнува од претрпениот срцев удар.


Во Шпанија за оваа венчавка се зборува како за потенцијална венчавка на годината. Рамос со својата вереничка, ТВ водителката Пилар Рубио платил речиси милион евра за ангажман на легендарниот бенд AC/DC кој ќе ги забавува гостите по церемонијата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk