(+18) Новата девојка на Луис Хамилтон е механичарка, а нејзиното тело ја буди фантазијата кај мажите

Супермен

10/07/2019

22:09

13.972

Големина на фонт

а а а

Неколку нежни прегратки со првакот на Формула 1, Луис Хамилтон, биле доволни за 25-годишната Захра Елис преку ноќ да стане вистинска ѕвезда.

Поради бујните облини и провокативните фотографии, Захра досега беше популарна само на Инстаграм, но се чини дека нејзините “пет минути слава” само што почнуваат. 

Захра и 34-годишниот Хамилтон биле забележани на прославата на 40-тиот роденден на актерот Кевин Харт во Лос Анџелес.


Елис е модел и креаторка на долна облека, а на Инстаграм има повеќе од еден милион следбеници. Таа живее во Мајами, а во минатото работела како механичарка во Американската воена морнарица.

Луис се појавил со Захра во популарното холивудско собиралиште Тао, а таа носела тесно трико кое ги истакнувало нејзините облини. Своевремено ја поврзувале и со Јусеин Болт, но Захра подоцна објаснила дека тие се само пријатели.

На својот блог, чија месечна претплата изнесува 20 долари, Захра Елис пишува за авантурите, здравиот живот и фитнесот. Особено се популарни нејзините тренинзи за нозе и задник, кои, се сложуваат фановите, се едни од нејзините најголеми физички адути.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk