Јунајтед му ја исполни желбата: Де Хеа ќе стане убедливо најплатен голман во светот

Дерби

16/07/2019

12:51

507

Големина на фонт

а а а

Давид Де Хеа веќе извесно време преговара со управата на Манчестер Јунајтед за нов договор, а како што стојат работите во овој момент, фантастичниот шпански чувар на мрежата е се поблиску до добивање на максималните барања кои ги имал од финансиски поглед.

Како што јавуваат угледните англиски медиуми ова утро, Де Хеа ќе стане убедливо најплатениот голман во историјата на фудбалот, бидејќи Јунајтед се согласил да му обезбеди неделна плата од 375 илјади фунти, потег со кој ќе го задржи феноменалниот голман уште неколку години на „Олд Трафорд“.

Покрај активностите на трансфер пазарот, оваа операција беше приоритет на управата на клубот која никако не сакаше да дозволи Де Хеа да стане слободен агент наредниот јануари.

– Де Хеа е подготвен и ќе брани против Лидс. Како што кажав веќе неколку пати, сите се надеваме и веруваме дека Давид на крајот ќе стави потпис на новиот договор. Сепак, ќе оставам тоа да го соопшти Давид кога ќе мисли дека е време за тоа, – порача Оле Гунар Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг