Бил Гејтс тврди дека е посреќен на 63 години отколку што бил на 25, а неговата среќа потекнува од овие 4 едноставни работи

Супермен

13/08/2019

15:14

4.225

Големина на фонт

а а а

Прашањето што е среќа, кои се нејзините причинители и како да се одржи истата е релативна работа, но повеќето луѓе останале изненадени кога во текот на сесијата “Ask Me Anything” на Редит, американскиот претприемач, иноватор и филантроп, Бил Гејтс, изјавил дека е посреќен и поисполнет на своја 63-годишна возраст отколку кога имал 25 години.

Тој дал и едноставен рецепт за таквата состојба (и не, не станува збор за пари).

По низата прашања кои му биле поставени од страна на корисниците на Редит, следело и едно филозофско прашање: “Дали сте среќни и што ве прави среќен?”. На првиот дел од прашањето, Бил одговорил дека е среќен и дека кога имал 30 години не сметал дека луѓето во своите 60-ти години од животот се паметни ниту дека се забавуваат, но очигледно грешел. На вториот дел од прашањето, тој го дал следниот одговор: “Неодамна чув дека кога твоите деца се добро и напредуваат, тоа е нешто многу посебно и се сложувам со истото. Понекогаш, кога сте одговорни кон себе, кога вежбате – тоа исто така ве прави посреќни”. 

Она што е интересно е неговата промена во размислувањето за концептот на среќа. Кога бил во своите 20-ти и 30-ти години, Бил се “забавувал” така што водел една од најголемите софтверски компании на светот и вовел компјутер во секој дом (барем во развиениот дел од светот). Но, работите се промениле – Гејтс неодамна на својот Фејсбук профил напишал дека во тоа време бил фанатичен во поглед на технологијата, дека немал ниту еден ден одмор, дури ни за викендите, а помислата за брак не му паѓала напамет.

Во сесијата на Редит, Бил го навел и рецептот за среќа – и во него не е вклучена милионската сума на пари, пренесува “Thrive Global”.

Бидете посветени

Во текот на годините, нема да станете попаметни поради поголемото интелектуално знаење или богатството. Во суштина, најважни се свесните извори и чекорењето кон она што ви е најважно – да бидете посветени.

Можеби се чувствувате заглавени на работното место, имате чувство дека сте ја одбрале погрешната кариера или дека сте талентирани за нешто друго. Иако во потполност е нормално да размислувате на овој начин, не ги потиснувајте чувствата и мислите.

Запрашајте се дали го правите она што го сакате? Стомакот и вашата интуиција ќе ви го дадат одговорот, а тогаш е потребно во целост да се посветите на тоа.

Бидете дарежливи

Мотивацискиот говорник Џим Рон во една прилика изјавил дека единствено со давањето, вие можете да добиете повеќе отколку што имате. И токму тоа е правилото по кое се води Гејтс преку својата хуманитарна работа – во 2006 година, неговиот близок пријател Ворен Бафет донирал 31 милијарда долари на фондацијата на Бил за борба против инфективни болести и реформи во образованието.

Науката докажува дека подарувањето нè прави посреќни, дека е добро за нашето здравје и дека буди благодарност. Дарувањето не мора да биде поврзано со пари – можете некому да му посветите време, да му бидете ментор, да поддржите некаква кампања или да се борите против неправдите.

Однесувајте се кон своето тело како кон свет храм

“Вежбањето доведува до среќа”, изјавил Бил. Тој го одржува здравјето, но и здравиот дух преку тенис и е прилично добар во овој спорт. Докажано е дека вежбањето го подобрува расположението и го намалува чувството на депресија, анксиозност и стрес.

Семејството треба да биде на прво место

Ставањето на кариерата на прво место, а семејството на второ може да има големи последици. Една од главните причинители за стрес, а со самото тоа и влошување на здравјето е прекувремената работа и конфликтот “работа-семејство”.

Постигнувањето на баланс е од големо значење - потребно е да се постави граница која го става семејството на првото место на листата на приоритети.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk