Поранешниот професионален боксер и светски шампион во супертешка категорија Мајк Тајсон, купил ранч во Калифорнија на кој ги одгледува сите видови марихуана.
Поранешниот спортист развил бизнис во државата во која ги употребува овие дроги легално. Во тоа му помага неговиот пријател и деловен партнер, поранешниот НЛФ играч Ебен Бритон.
Тајсон не само што произведува марихуана туку и ја консумира. Тој вели дека “робата“ му е одлична и дека месечно пушат марихуана во вредност од 40.000 долари.
„Што пушиме месечно? Околу 40.000 долари“ - изјавил Тајсон за „Hotboxin“.
Неговиот деловен партнер додал дека тој и Мајк баш го испитуваат квалитетот на производот.
„Не знам, пушиме по околу десет тона месечно“ - изјавил Бритон.
Ранчот на Тајсон кој се простира на околу 16 хектари секој месец продава марихуана на амбулантите во Калифорнија и Невада во вредност од околу 500.000 долари.
Тајсон се надева дека неговиот ранч ќе биде примамлив и како туристичка атракција вклучувајќи го и фестивалот „Kind Music festival“.