Ново поглавје за Фолксваген: Ова е ID.3

Супермен

10/09/2019

14:55

888

Големина на фонт

а а а

Долгоочекуваниот ID.3 на германскиот гигант конечно е пред нас и според компанијата, го отвора новото поглавје во историјата на Фолксваген.

Со овој модел, како што велат челниците на Фолксваген, започнува новата ера на компанијата. Новиот ID.3 е „духовен наследник“ на „Буба“ и од овој автомобил очекувањата се прилично високи - да го направи за компанијата токму тоа што своевремено го направи и легендарната „Буба“.

ID.3 има форма на конвенционален хечбек со пет врати и станува збор за првиот автомобил на Фолксваген групацијата кој ќе ја користи специјално дизајнираната "MEB" платформа. Батеријата е местена на подот, додека пак електромоторот е поставен над задната осовина.


Поради големата маса на батеријата, овој автомобил тежи 1,719 килограми. Од Фолксваген се обиделе ваквата тежина да ја „намалат“ со добриот коефициент на отпор на воздухот кој изнесува одлични 0,267 cd.

Галерија: Новиот ID.3

Автономијата зависи од пакетот за кој купувачот ќе се одлучи. Основниот модел има батерија со капацитет од 45 kWh, што овозможува домет од 330 километри по WLTP протоколот. Следната варијанта од 58 kWh дозволува автономија од 420 километри, додека најмногу километри со едно полнење можат да се поминат со батеријата од 77 kWh - дури 550 километри.


Сепак, после пласманот на иницијалната серија која ќе биде воедно и специјална едиција, во понудата ќе останат само најслабата и најмоќната верзија на ID.3.

Од Фолксваген тврдат дека електромоторот овозможува „одлични перформанси“, но се уште немаат доставено точни податоци. Соопштено е дека ID.3 располага со 204 коњски сили и 310 Nm, а максималната брзина е ограничена на 160 километри на час.


Германската компанија потврди дека основната верзија на електричниот хечбек ќе чини помалку од 30 илјади евра во Германија, што значи дека овој автомобил ќе биде сместен во категорија на автомобили кои што повеќето граѓани ќе можат да си го дозволат (за Германците).



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk