Хаосот поради кој Анџелоти “пукнал“ - вака изгледала соблекувалната два дена пред натпреварот

Супермен

12/09/2019

16:00

4.102

Големина на фонт

а а а

Лутината на Карло Анџелоти поради бизарните проблеми на стадионот Сан Паоло е оправдана. Иако прво изгледало дека славниот италијански тренер претерал со реакцијата, клубскиот Твитер објавил видео од соблекувалната на стадионот која два дена пред натпреварот против Сампдорија била во хаос.

Работата сè уште трае, а паниката во Наполи станува поголема кога се знае дека во вторник ги дочекуваат Ливерпул во Лигата на шампионите.

Инаку, целото лето на стадионот на Наполи се работело на реконструкција и уредување. Поради тоа тој клуб првите две кола по свое барање ги играл на гости кај Фиорентина и Јувентус. Градските власти се одговорни за оваа ситуација па затоа Анџелоти “удрил“ по нив.

„Ги видов условите во соблекувалната во Сан Паоло. Без зборови сум. Ги прифатив барањата на клубот првите два натпревари во сезоната да ги играме на гости за да може работата да биде завршена како што треба и како што е ветено“ - изјавил луто за клубската страница и продолжил:

„Може да изградите куќа за два месеци, а тие не можеле да ги обноват соблекувалните. Каде треба да ги играме натпреварите против Сампдорија и Ливерпул? Изнервиран сум од неадекватноста и непрофесионалноста на оние кои морале да ја работат оваа работа“ - изјавил Анџелоти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk