Младиот шкотски музичар Луис Капалди ги руши сите рекорди - неговиот хит е стримуван над милијарда пати

Супермен

18/09/2019

20:10

2.585

Големина на фонт

а а а

Капалди се најде блиску до врвот на најпознатите музички листи на светот. Луис Капалди, млад музичар (23) со потекло од Шкотска за кратко време се проби на врвот на музичките листи со својот сингл „Someone you Loved“ од минатата година.

По номинациите на „BRIT Critics Choise“ следел вртоглав успех, а продажбата на неговиот сингл ги сруши сите рекорди во Велика Британија. Песната низ цел свет е стримувана над милијарда пати, а младиот музичар станал популарен и во Азија и Америка.

Дури седум недели бил на врвот на UK Singles Chart, што го прави еден од сингловите кој најдолго се задржал на врвот на оваа листа.

Неговиот албум „Divinely Uninspired to a Hellish Extent“ од 2019-та година исто така ги срушил сите рекорди на ирскиот и британскиот пазар.

Луис Капалди е млад, но сепак долго плива по музичките води - на 9 години настапувал по пабови, а на 17 години ја започнал својата дискогравска кариера.

Од мали нозе свирел пијано и гитара.

Тогаш неговиот талент излегол на површина и тоа бидејќи го открил неговиот менаџер Рајан Волтер. Капалди во својата спална соба со помош на телефон се снимал себеси додека пее, а потоа тоа го ставил на cloud апликација која му го отворила патот кон успехот.

Набрзо потпишал договор со „Virgin EMI Recordsom“ и го објавил својот сингл „Bruises“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk