Била паркирана на 300 метри од влезот на арената - Британците тврдат дека знаат како Ѓоковиќ брзо закрепнал пред почетокот на натпреварите на УС Опен

Супермен

19/09/2019

15:00

4.762

Големина на фонт

а а а

Британските медиуми објавиле приказна во која тврдат дека знаат дека Новак во текот на престојот во Њујорк за време на траењето на УС Опен успеал брзо да закрепне за наредниот натпревар.

„Дејли Меил“ тврди дека Ноле користел хипербарична комора која била сместена во приколка што била паркирана на 300 метри од „Артур Еш“ стадионот. Овој медиум истакнува дека добиле потврда од организаторот на УС Опен дека Ноле за време на турнирот постојано користел хипербарична комора.

Хипербаричната комора ја подобрува циркулацијата, видот, брзината на реагирање, издржливост и сила, а исто така го зголемува и бројот на црвените крвни зрнца, а самиот Новак повеќе пати ја користел и вели дека таа му помага по напорните натпревари.


Како што тврдат од „Дејли Меил“ Ноле приколката со хибербарична комора ја носел и на други турнири кои се оддржувале на американското тло оваа година - Индијан Велс и Синсинати.

Новак го предаде натпреварот во четвртото коло на УС Опен и оттогаш не игра. Има болки во рамото кои му пречат додека игра. Србинот одлучил да паузира и се уште е неизвесно кога ќе се врати на терен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk