Оваа грда навика може да ви ги упропасти шансите на првиот состанок

Супермен

18/11/2019

16:55

2.405

Големина на фонт

а а а

Анкетата која ја спровела британската фирма за истражување на пазарот, „YouGov“, покажала дека употребата на мобилни телефони е најлошата работа која може да ја направите за време на првиот “дејт“ и тоа го сметаат двата пола.

Дури 69 отсто од мажите и 70 отсто од жените кои учествувале во анкетата се согласни околу тоа дека испраќањето пораки, сликањето на храна и пијалоци, објавувањето на социјалните мрежи и било каков друг начин на користење на мобилниот телефон за време на состанокот е одбивен и дека со некој кој тоа го прави, веројатно не би излегле на втор состанок.


На второ место се заводливите фотографии на социјалните мрежи и тоа го сметаат дури 52 отсто од мажите и 43 отсто од женските испитанички, додека третата најодбивна работа е прегласното џвакање на храната, а тоа го велат 25 отсто од мажите и 31 отсто од анкетираните жени.


Монополизирање на разговорот, избегнувањето за плаќање на сметката, доцнењето и молчењето исто така се нашле на списокот и подобро би било да ги избегнувате на првиот состанок, ако сакате да има и втор. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk