Филмот го следи американскиот емигрант Мики Пирсон, кој го глуми Метју Меконахи, кој во Лондон изградил високо профитабилно царство за марихуана.
Кога се дознава дека Пирсон планира да ја "наплати добивката и да излезе од работата", започнува заговор кој го следат разни шеми, мито и уцени, во обид да се преземе неговиот бизнис.
Во филмот, покрај Метју Меконахи, глумат и Чарли Ханам, Хенри Голдинг, Мишел Докери, Хју Грант, Џереми Стронг, Еди Марсан, Колин Фарел и други.
Филмот во кино-салите ќе почне да се прикажува на 24-ти јануари следната година.