[ФОТО] Фустанот во кој сите гледале: Американска пејачка се најде во центарот на вниманието

Точка

08/07/2025

20:12

533

Големина на фонт

а а а

Американската актерка и пејачка Рајан Дестини го привлече вниманието во понеделник на модната ревија на „Скјапарели“ во Париз, појавувајќи се во впечатлив фустан со необичен моден додаток.

Ѕвездата од серијата „Grown-ish“, се појави во друштво на познатиот стилист Ло Роуч, облечена во фустан кој привлече големо внимание. Светло розовиот фустан совршено ја истакна нејзината женствена силуета, особено нагласувајќи ги колковите.

Тесниот крој и внимателно дизајнираните детали на фустанот дополнително го нагласија елегантниот и софистициран изглед. Највпечатливиот детаљ беа свилените потпетици во иста нијанса како фустанот, поставени во пределот на градите, со петицата свртена нанадвор.



Фустанот имаше изрези од двете страни, а пејачката стајлингот го надополни со проѕирни, светло розови долги ракавици.


Инаку Дестини не беше единствената ѕвезда што ги преврте модните норми на ревијата на Скјапарели. Карди Би, исто така, привлече огромно внимание на модната пистата во понеделник, комбинирајќи црна фризура со црн фустан со тесни детали и високи нараменици, а како моден додаток носеше жива врана.