[ВИДЕО] Што се случува кога Бред Пит ќе изеде 4 чинии грав по ред? Актерот во популарниот поткаст откри интересни работи за себеси

Точка

08/07/2025

17:28

851

Големина на фонт

а а а

Бред Пит неодамна се појави во популарниот поткаст „Нови височини“ (New Heights), чии водители се браќата и ѕвезди на НФЛ, Џејсон и Тревис Келси, каде што откри неколку многу интересни работи.

Имено, Бред Пит раскажа една урнебесна приказна од едно од неговите први снимања. Што тргнало наопаку тогаш? Нема да верувате, но гравот го паметат сите членови на тимот.

„Снимавме во некое мало кафуле“, рече Пит.

Како што раскажа Бред, во кафулето имало околу 60 членови на тимот, било жешко и доста задушно.

„Мојот лик не јадел со денови, а потоа добива чинија со грав и сланина. И јас реков: „Ќе одам до крај“ и ја изедов целата чинија со грав. Во следниот кадар, го правам истото, и третиот и четвртиот пат, го правам истото. И потоа… погодувате што се случи“,  смеејќи се, раскажа Пит.

И домаќините се смееја до солзи додека Пит го опишуваше продолжението на настаните.

„Бев заглавен во таа столица. Природата си го направи своето“, призна Пит.

Актерот се надевал дека никој нема да забележи дека тој има гасови.

„Но, потоа целата екипа примети… Тоа беше најлошиот мирис што некој некогаш го почувствувал. Сите истрчаа од кафулето“, заврши Пит.

Иако оваа сцена е незаборавна, она по што Пит е познат е фактот дека постојано јаде нешто додека снима сцени.

„Никогаш не разбрав зошто сите ме препознаваат по тоа. Па сите јадат, нели?“, се пошегува актерот.