Ова е најотровното место на планетата: „Животниот век на луѓето таму е 40 години“

Точка

18/02/2020

10:15

7.628

Големина на фонт

а а а

Тешките метали потоа влегуваат во сè - во воздухот, тлото, водата и животот на најмалку 50-те илјади сиромашни луѓе кои живеат во близна на депонијата.

Како што знаеме, Чернобил е отровен град и симбол за тоа што ќе се случи кога науката ќе тргне наопаку, а луѓето не внимаваат.

Иако Чернобил е “бренд“ за локација на катастрофа, постојат уште многу места во светот кои можат да се сместат на таа листа.

Најотровното место е Агбогблоши, депонија во Гана во градот Акра. Зошто тоа место е полошо од Чернобил?

Таа депонија е вториот најголем центар за процесуирање електронички отпад во западна Африка. Во електронички отпад спаѓа сè она од што луѓето се ослободуваат откако ќе му се расипе - микробранови печки, телевизори, фрижидери, компјутери.

Потребно е многу време и труд за тие предмети да се распарчат на помали делови и во состав на тоа секој од нив се рециклира.

Загаденост од тешки метали

Иако тоа не звучи лошо, поголемиот дел од тој објект и тоа што се случува во текот на процесот на рециклирање допринесува за неговата титула за најотровното место во светот.

Според извештајот, Гана годишно увезува околу 215 илјади тони потрошена електроника од странство, првенствено од западна Европа, а притоа создава уште 129 илјади тони отпад годишно.


Примарната закана за здравјето доаѓа од палењето на кабли за да се дојде до бакар кој се наоѓа внатре во нив. Стиропорот често се користи како гориво за палење кабли кои содржат токсични тешки метали како што е оловото.

Тие тешки метали потоа влегуваат во сè - во воздухот, тлото, водата и животот на луѓето таму е во сериозна опасност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг