Новак лансираше нов предизвик: Она што го направил српскиот тенисер го можат само најхрабрите

Супермен

20/02/2020

11:08

8.221

Големина на фонт

а а а

Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ, лансираше нов предизвик на социјалните мрежи.

Наречен “NoleChallenge: Outdoor Ice Bath”, Новак добро ги забавувал следбениците на социјалните мрежи и ги повикал да се обидат да го направат истото. 

“Константин и јас ја преживеавме ледената планинска вода цела минута и 45 секунди. Изгледа лудо, знам. Низ разни техники (како што е дишењето) можеме доволно да се смириме за да преживееме екстремни услови како овој и поефикасно да се избориме со секојдневниот стрес во нашите животи”, напишал тенисерот под видеото на кое се гледа како влегува во ледената вода.


“За оние кои се смели, ве предизвикувам да пронајдете ладна вода некаде на отворено и да издржите во неа најмалку една минута. Условите мора да се зимски и водата да е ледена, мора да бидете само во долна облека и мора да потопите барем половина од телото”, напишал Ѓоковиќ.

“Одиме”, кажал Ноле на крајот од видеото во кое успешно ја извел својата замисла.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk