Тој е милионер за кој слушна целиот свет: Иако “плива во пари”, 23-годишниот пејач сè уште живее со родителите во својата детска соба

Супермен

21/02/2020

12:28

5.559

Големина на фонт

а а а

Тој е ново име на музичката сцена, а вртоглавиот успех веќе му донесе милиони. Сепак, одлучил да живее на овој начин, а фановите се запрепастени.

23-годишниот Луис Капалди е нова тинејџерска ѕвезда од Шкотска – пред само неколку дена Капалди брилираше на Британските награди, а покрај тоа, неговиот прв хит албум веќе заработи милиони. Но сепак, наместо како повеќето ѕвезди да ги искористи парите за да купи луксузна вила, Луис сè уште живее во скромен дом заедно со своите родители. 

Капалди е многу активен на социјалните мрежи и често споделува сцени од семејниот живот и домот кој го дели со мајката Керол, медицинска сестра, и таткото Марк кој е рибар.

Луис последен пат ја преуредил својата детска соба кога имал 10 години, а распоредот останал ист и до денес.


“Попрво би трошел пари на храна отколку на станарина. Секогаш може да се заработи повеќе, а јас одбирам да живеам со родителите бидејќи сметам дека сè уште не заработувам доволно за да се осамостојам”, изјавил 23-годишниот пејач за медиумите.

Тој открил и дека најмногу пари троши на храна.

“Не можам да се воздржам, постојано морам да јадам нешто и на тоа трошам најмногу пари. Признавам отворено, немам причина зошто би криел особено бидејќи е очигледно – стомакот ми станува поголем од ден за ден”.

Според листата на Форбс, Луис е “тежок” нешто помалку од 8 милиони фунти, но според него, тоа е недоволна сума за самостоен живот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk