Вознемирувачко видео: Натпреварувачка на „Survivor“ му го скршила носот на својот ривал

Точка

21/02/2020

20:23

6.650

Големина на фонт

а а а

Откако го загуби двобојот во романската верзија на Survivor, 26-годишната Ана Мариа Пал, инаку ММА борец, на својот ривал со глава му го скршила носот.

Ана Мариа го загубила двобојот со ривалката Лола, која задачата ја исполнила пред неа, а наместо да остане достоинствена на поразот, со глава му го скршила носот на маж од ривалското племе, кој дошол да ѝ каже неколку утешителни зборови.

После ударот паднал на земја и се држел за лицето, а Ана Марија ја фрлила топката која ја држела и избегала.

После инцидентот е исфрлена од шоуто кое се снимало во Доминиканската Република. Продуцентите изјавиле дека ги прекршила правилата на шоуто со неспортско однесување.

Пал е втор најуспешен ММА борец во женската категорија во Романија, а на борбите им се посветила откако станала мајка на 19 години.

Инцидентот се случил на 11:59 минута.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk